Утрински Весник
Македонија

СЕММ: Мадиумите внимателно и одговорно да известуваат за коронавирусот

СЕММ и ЗНМ апелираат за професионално и одговорно известување за Парадата на гордоста
Dik 300x250 mk

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста, повика денеска Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во врска со појавата на случај на коронавирус во државата.

-Информирањето во вакви случаи, според Кодексот на новинарите (член 8), мора да биде ослободено од сензационализми. Медиумите треба да дејствуваат на начин што ги разликува од обични преносители на информации и факти и да ја применат и својата улога како смирувачи на вознемиреноста кај граѓаните, истакнуваат од СЕММ.

Освен тоа, велат од Советот, тие треба внимателно да им пристапуваат на информациите со коио се изнесуваат проценки за можна ескалација на случувањата. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Час и половина по гласањето, само СДСМ не се огласија за изборниот ден

СДСМ победи во Центар, Македонска Каменица и Зрновци

Неизвесна трка во Куманово: Димитриевски со мала предност пред Стојковски