Утрински Весник
Македонија

СЕММ бара професионално известување од медиумите и транспарентност од институциите за несреќата во Тетово

СЕММ бара професионално известување од медиумите и транспарентност од институциите за несреќата во Тетово
Dik 300x250 mk

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) со голема загриженост ги следи прекршувањата на новинарските стандарди во известувањето за големата трагедија во Тетово и пожарот во модуларната болница.

„ Медиумите се должни, особено кога се работи за информации што се однесуваат на загуби на човечки животи, да го почитуваат Член 1 од Кодексот на новинари: “Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно” наведуваат од СЕММ.

Во однос на експлицитните фотографии и видеа од несреќата, оттаму потсетуваат на Член 8 и Член 7 од Кодексот: “Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.” “Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.”

СЕММ упатува повик до граѓаните да пријават во нивната канцеларија какво било прекршување на новинарските стандарди што ќе го забележат во традиционалните или онлајн медиумите преку електронската пријава на нивната веб страница.

Исто така бараат од институциите транспарентно, навремено и прецизно информирање на јавноста со цел намалување на ризикот од ширење на шпекулации во овие тешки моменти.

Можете да прочитате

Возач со „Опел Астра“ удри четворица пешаци па утрил во семафорот во Ново Лисиче

За Мицкоски предвремените избори се непотребни, но на oпозицијата и’ порача: „Внимавајте што посакувате, може ќе ви се исполни“

Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка (ВИДЕО)