Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Семејство од Вухан пронашло лилјак во нарачаната чорба, па веднаш направиле тест за корона

Семејство од Вухан пронашло лилјак во нарачаната чорба, па веднаш направиле тест за корона
300x250 opst2

Семејствo од Вухан нарачало свинска чорба од ресторан близу нивната куќа, но храната брзо им преседнала откако во неа пронашле мртов лилјак.

Супата најпрво ја вкусил таткото, кој изел скоро половина од нарачаниот дел. Кога другите членови решиле да го изедат остатокот, три дена по нарачката, нашле мртов лилјак во чорбата, пишува „Дејли мејл“.

На телевизиската снимка јасно се гледа дека станува збор за лилјак, а семејството брзо се упатило кон ресторанот каде им било кажано дека замрзнатите продукти ги купиле од локален производител.

Сопственикот на ресторанот истакнал дека е невозможно лилјакот да паднал во чорбата, туку дека тој сигурно слетал во садот откако семејството Чен го отворило оброкот.

Локалните власти покренале истрага откако семејството Чен поднело жалба, но истрагата е комплицирана со оглед на тоа дека лилјакот бил пронајден дури три дена по купувањето на чорбата.

Сите членови на семејството од Вухан во меѓувреме се тестирале и се негативни на коронавирус, а сопственикот на ресторанот, се согласил да им плати обештетување од висина од околу 225 фунти, пренесува „Дејли мејл“.

Засега не е докажано што е изворот на вирусот, кој најпрво се појави во Кина, но се претпоставува дека првичните носители биле лилјак или панголин.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Октомври е месец на туршија: Подгответе ја по рецепт стар илјадници години

Денес се празнува Светиот апостол Кодрат

Љубовен мир и заборавено богатство денес: Дневен хороскоп (04.10.2025)