Утрински Весник
Свет

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега во Велика Британија починале 124.419 лица, што е најголем број на смртни случаи од овој вирус во една европска земја.

Велика Британија е петта земја по смртност во светот, зад САД, Бразил, Мексико и Индија.

Групата „Ожалените семејства кои бараат правда“ сака да ја принуди владата да спроведе јавна истрага за начинот на кој Британија се бори против пандемијата, објави „Дејли меил“.

Група адвокати ќе им пишат на министрите овој месец, со цел да ги известат дека се спроведува судски преглед на Високиот суд.

Џонсон досега одби да нареди експертско испитување на владиниот одговор на пандемијата, барајќи прво да се намали ризикот од нови инфекции.

Адвокатите велат дека огромен број Британци починале „непотребно, поради грешки на владата“ и дека истрагата мора да се спроведе и поради човековите права, пишува лондонски „Тајмс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година