Утрински Весник
Свет

Семејствата на починатите од Ковид-19 во Италија бараат отштета од 259.000 евра по човек

Семејствата на починатите од Ковид-19 во Италија бараат отштета од 259.000 евра по човек

Членовите на семејствата на починатите од Ковид-19 во Италија започнаа правна постапка против премиерот, миинистерот за здравство, како и претседателот на регионот на Ломбардија.
Правните чекори ќе ги преземат поради навнимание во водењето на кризата предизвикана од пандемијата, пренесува „Гардијан“.

Членовите на семејствата на 500 починати луѓе поднеле граѓански тужби во провинцијата Бергамо, која беше тешко погодена за време на првиот бран на пандемијата. Тие тврдат дека тројцата највисоки личности во државата – Џузепе Конте, Роберто Сперанца и Атилио Фонтана, се соучесници за смртта на речиси 70.000 починати од Ковид-19.

Во тужбата се наведува дека тројцата се одговорни затоа што на крајот на февруари не ги ставија навреме во карантин градовите Алзано, Ломбардо и Нембро и покрај препораките на експертите. Се тврди дека тие не го надградиле националниот план, ниту пак го спровеле регионалниот, што требало да се направи.

Адвокатот Консуело Локати, кој ги застапува семејствата на починатите, бара 259.000 евра отштета за секое семејство. Локати објасни дека истражувањето што го спровеле последните месеци довело до откривање на тоа кој е одговорен за смртта на голем број луѓе, по што тие одлучиле да покренат граѓанска постапка.

Локати рече дека властите се одговорни затоа што не ги почитувале правилата.

„Според законот во Италија, потребно е да се има адекватен национален план, а регионалните власти според него, мора да го спроведат регионалниот план“, рече таа, додавајќи дека не само што националниот план е застарен, туку воопшто не е тестиран за да се види дали работи.

Италија е првата европска земја погодена од пандемијата. Планот во сила за пандемии во Италија датира од 2006 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени