Утрински Весник
Македонија

Семејствата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија прашуваат: Кого штити Џафери и не дозволува собраниска истрага?

Семејствата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија прашуваат: Кого штити Џафери и не дозволува собраниска истрага?
Dik 300x250 mk

Семејствата на жртвите кои ги загубија животите во автобуската трагедија во Бугарија, денеска во допис до медиумите јавно прашуваат кого сака да заштити претседателот на Собранитео, Талат Џафери и зошто не дозволува собраниска истрага за случајот.

„Сега кога веќе ги немаме нашите најблиски, ја бараме само вистината и правдата. За таа цел побаравме Анкетната комисија во Собранието да одржи состанок за човековите права и слободи. Но, денеска добивме одговор дека оваа средба, иако ја свика претседателот на Комисијата, Халил Снопче, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја откажа“, се наведува во дописот.
Семејствата на жртвите во трагичната несреќа нагласуваат дека пратениците се народни претставници во Собранието и тие треба да бидат глас и поддршка за граѓаните.

„Ние ја бараме само вистината и правдата, а таквите одлуки ги цениме како обид да се сокрие истото. Денес, господинот Џафери уште повеќе ни ја отежна болката и јавно го прашуваме зошто му смета вистината, кого сака да заштити и зошто не дозволува собраниска истрага“, стои во дописот до медиумите.

Можете да прочитате

Мешовитата историска комисија одржа средба, се разговарало за учебниците по историја и општество

Уште неколку дена дожд потоа стабилизација на времето

Отворена истрага за убиството кај Чашка, еден осомничен е во притвор, се трага по уште едно лице