Утрински Весник
Магазин

Семејниот дом на Меган и Хари во кој ќе расте малиот Арчи

Семејниот дом на Меган и Хари во кој ќе расте малиот Арчи

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (38) живееја во родната куќа на Меган во Лос Анџелес по напуштањето на кралските должности. Сега тие си купиле и се преселиле во новиот дом во Монтечито во близина на Санта Барбара, скап крајбрежен град северно од Лос Анџелес, пишува Си-ен-ен.

„Двојката се пресели во семејниот дом во јули годинава и се смести во тивка приватност на нивната заедница. Тие се надеваат дека тоа ќе се почитува поради нивните соседи, како и поради нив како семејство“, изјави нивниот портпарол за американските медиуми.

Според списанието „Пипл“, нивниот дом се наоѓа околу 150 километри северно од Лос Анџелес, а во градот живеат и Опра Винфри (66) и Елен Деџенерис (62). Имотот во Монтечито, кој се состои од куќа со девет спални и 16 тоалети, базен, игралиште и градина со рози, го купиле 14,65 милиони долари.

„Тие сакаат таму да го подигнат Арчи и се надеваат дека ќе имаат што е можно понормален живот. Хари и Меган никогаш немале намера да живеат во Лос Анџелес“, изјави близок пријател на двојката, пренесува „Пипл“.

Војводата и војвотката од Сасекс се преселија во Калифорнија од Канада кога во јануари објавија дека имаат намера да се повлечат од кралските должности и да работат за да обезбедат финансиска независност.

Тие рекоа дека сакаат во Калифорнија да направат нешто што има смисла и што е важно и дека имаат намера да ја отворат непрофитната организација Archewell.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лазаров најавува второ издание на Lazarov Awards во засилување со Игор Џамбазов

Дневен хороскоп за 05 март 2026

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници