Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Селта победи во Виторија

Селта победи во Виторија
Img 7972

Фудбалерите на Селта, во 15.коло, на гостински терен го победија Алавес 2:1. Селта, во Виторија, дојде до 16 поен сезонава и се искачи на 13.место на табелата, Алавес на 15.место има 14 бода.

Првите два гола беа постигнати во првите 20 минути. Асистенцијата на Франко Васкез ја искористи Санти мина и во 11.минута и донесе предност на Селта. Десет минути подоцна израмни најдобриот стрелец на Алавес, Хоселу.

Екипата од Виго во 68.минута доби пенал. Јаго Аспас лошо шутираше Пачеко одбрани, но одбиената топка се врати кај Аспас кој го постави конечниот резултат.



> Селта победи во Виторија <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона