Утрински Весник
Македонија

Селото Бања доби детална канализациска мрежа

Селото Бања доби детална канализациска мрежа

Кочани, 29 февруари 2019 (МИА) – Општина Чешиново-Облешево успешно го реализира проектот за изградба на основен колектор и детална фекална канализациска мрежа во селото Бања, за што инвестираше 24,5 милиони денари.

Средствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, а вкупната должина на системот е околу пет илјади метри, со поединечни приклучоци за домаќинствата. Општина Чешиново-Облешево со сопствени буџетски средства го кофинансираше износот на данокот за додадена вредност.

-Рокот за реализација на инвестицијата беше една година, но градежните работи влегоа во завршна фаза за пет месеци. Во моментот изведувачот „Коп инженеринг“ ги поправа оштетувањата на улиците каде што се поставуваа канализациските цевки, по што колекторот од Бања ќе биде поврзан на пречистителната станица за отпадни води кај селото Спанчево. Со тоа, освен што се подобруваат условите за живот на месното население, ќе помогнеме и во заштитата на природната средина. Со инвестицијата го решаваме повеќедеценискиот проблем за над 300 жители од селото кои првпат добиваат современо решение за собирање и третман на фекалната вода, истакна Горанчо Крстев, градоначалник на Чешиново-Облешево.

Недостигот од фекална канализација беше главен комунален проблем во Бања, со оглед што водоснабдувањето за домаќинствата е решено од пред повеќе години со приклучувањето на градскиот водовод од Кочани.

Со изградбата на канализациската мрежа се создаваат и потенцијални услови за заживување на бањскиот туризам, бидејќи има заинтересирани инвеститори за рехабилитација на бањскиот капацитет за кој пред една и пол година локалната самоуправа ја доби сопственоста.та/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина