Кичево, 22 јуни 2020 (МИА) – Селаните на кичевското село Србица, спроведоа доброволна акција, ги офарбаа и исчистиа оградите на селските гробишта или поточно првата половина на оградите, бидејќи акцијата ќе продолжи и следната недела.
– Завршивме голем дел од акцијата предвидена за фарбање и чистење на оградите на селските гробишта, фарбањето на остатокот од оградите ќе се случи следната недела. Им се заблагодаруваме на донаторите Џевит и Леутрим Беќири кои се на привремена работа во САД кои ја помогнаа оваа акција со 500 американски долари за купување на материјалните за фарбање но имаше и други доброволни прилози, па затоа остатокот од парите со нивна дозвола ќе бидат искористени за следната акција, благодарност и до сите жители на селото кои учествуваа во оваа доброволна акција, истакна претседателот на месната заедница на село Србица, Лулзим Рамчја.рз/см/