Утрински Весник
Македонија

Секторот за превенција при СВР-Штип дели заштитни маски на граѓаните

Секторот за превенција при СВР-Штип дели заштитни маски на граѓаните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 7 мај 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи-Штип денеска го одбележа Денот на полиција со делење на заштитни маски на граѓаните. Началникот на Секторот за превенција при СВР-Штип, Ангелчо Стојановски вели дека денеска реализираат превентивна активност

-Сите оние граѓани, кои ќе бидат затекнати да не носат заштитни маски нема да бидат преземени репресивни мерки против истите, туку ќе им биде поделена една маска, се со цел сите заеднички се бориме против коронавирусот, вели Стојановски.

Тој истакна дека денеска во оваа превентивна акција ќе се поделат 200 заштитни маски за граѓаните, кои не носат. Се заблагодари што граѓаните ги почитуваат мерките, кои се преземени од страна на Владата. вдј/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе