Утрински Весник
Спорт

Секс, дрога и контроверзи – новата хит серија за Марадона руши рекорди

Секс, дрога и контроверзи – новата хит серија за Марадона руши рекорди

Новата ТВ серија во продукција на „Амазон прајм“ под наслов „Марадона: Благословениот сон“, стана глобален хит откако во десет епизоди ги покажува најдобрите, но и најлошите моменти од животот на единствениот Диего Армандо Марадона.

Со Хуан Паломино во главна улога, серијата го прикажува Марадона не само во блескавите моменти како освојувањето на светската титула, туку и темната страна – многубројните неверства при бракот со Клаудија Вилјафране, и секако борбата со дрогата – првиот кадар е сцена во која 40-годишниот Диего колабира од предозирање во 2000.

Секако, се покажува и човечката страна на големиот фудбалер – како во првата епизода кога 15-годишниот Марадона, конечно, го сели своето семејство во пристоен дом откако стана најмладиот фудбалер во аргентинската фудбалска лига.

> Секс, дрога и контроверзи – новата хит серија за Марадона руши рекорди <

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027