Утрински Весник
Македонија

Секој трет тестиран во Македонија е позитивен на коронавирус

Секој трет тестиран во Македонија е позитивен на коронавирус

Според последната статистика, минатата недела се регистрирани 11.916 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 38.518 земени примероци или секој трет тестиран бил позитивен на вирусот. Во Скопје и понатаму има најголем број на заразени. Минатата недела во Кавадарци имаше највисока, а во Дебар најниска стапка на зараза.

За една недела се пријавени 148 смртни случаи што е за 38,3 отсто повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од починатите се од Скопје и повеќето се на возраст над 60 години, се наведува во последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од почетокот на пандемијата, во Македонија починале 8.409 лица како последица на вирусот, а над 80 проценти од нив имале и други здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, дијабет, белодробни, невромускуларни, бубрежни заболувања и карцином. Починале и 13 лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 6.494 реинфекции, а 17-мина се заразиле по третпат.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, а бројот на активни случаи изнесува 13.628.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово