Утрински Весник
Македонија

Секоја година се намалува бројот на ученици во Велес, годинава  135 матуранти помалку од лани 

Секоја година се намалува бројот на ученици во Велес, годинава  135 матуранти помалку од лани 

Велес, 11 јуни 2020 (МИА) – Во велешките основни училишта оваа учебна 2019/2020  ја завршија  4466 основци што е помалку за 34 споредено со претходната учебна 2018/2019 година (4500 ученици). Бројот на завршени деветоодделенци годинава е 433, а лани 464.

Како што информираше денеска на прес-конференција градоначалниот Аце Коцевски, и четирите велешки средни училишта секоја учебна година имаа се памалку ученици.

Оваа учебна година во средно училиште биле  2023, што помалку  за 70 од ланската учебна година кога биле 2093.Годинава во велешките средни училишта завршиле   419 матуранти ,што е помалку за 135 од ланската учебна година кога биле 554.

Инаку во тек се и уписите за првооделенци од вкупно 750 идни првооделенци во велешките основни училишта до вчера се запишале 209, а уписите траат до крајот на јуни. ад/хс/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“