Утрински Весник
Свет

Сеизмолозите предупредуваат: Во следните години целиот Балкан е загрозен од силни земјотреси

Сеизмолозите предупредуваат: Во следните години целиот Балкан е загрозен од силни земјотреси

Земјотресите што деновиве ја погодија Хрватска најавуваат дека во наредните години ќе дојде до силни потреси на целиот Балкан. Сепак, сега е тешко точно да се каже каде и кога ќе се случи тоа, велат српски сеизмолози.

Единственото нешто што е речиси сигурно е дека во следниот месец нема да има поголеми земјотреси во регионот, додаваат тие.

Хрватска од понеделникот ја погодија серија не земјотреси. Најсилниот, со јачина од 6,2 степени по Рихтер, се случи во вторникот, со епицентар во Петриња. Во таа катастрофа, седум лица го загубија животот, меѓу кои и 12-годишно девојче.

Сеизмологот Славица Радовановиќ вели дека овие силни земјотреси укажуваат дека на тоа подрачје се собрало големо количество на сеизмичка енергија и дека рамнотежата е кревка, што значи дека еден земјотрес веднаш предизвикува друг.

Сепак, тоа не е невообичаено, истакнува таа, затоа што порано во тој сеизмички простор исто така имало силни земјотреси. Како пример, таа наведува земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кој се случил во 30-тите години во Република Српска, а на кој му претходеле и послаби земјотреси.

„Италија ротира кон Балканскиот полуостров и врши притисок врз јадранскиот брег, каде има најсилни земјотреси на Балканот. Тие се случуваат во Хрватска, Црна Гора, Албанија, но имаат и пошироко влијание. Тоа е првиот фронт“, забележува Радовановиќ додавајќи дека најсилните земјотреси се случуваат во крајбрежниот дел.

Во следните неколку години, таа е сигурна дека ќе има уште посилни земјотреси на Балканскиот полуостров.

„Кога ќе се случи ваков силен земјотрес, тоа речиси со сигурност заначи дека никој нема да биде повторно загорозен барам во рок од еден месец. Во следните години ќе се види во кој правец ќе се одвива овој процес. Дали ќе оди кон Алпите или ќе оди во централна БиХ или паралелно и кон Србија и Далмација? Тоа не го знаеме сега. Станува збор за мултифрактална сеизмолошка активност, има многу гранки по кои може да тргне, на дали ќе оди таму или ваму највеќе од се е случајност“, посочува Славица Радовановиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници