Утрински Весник
Спорт

Сезоната во Формула 1 почнува на 5 јули

Сезоната во Формула 1 почнува на 5 јули
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лондон, 2 јуни 2020 (МИА) – Раководството на Формула 1 реши да ја започне сезоната на 5 јули, објави „Sky Sports“.

Сезоната ќе стартува со две трки во Австрија, закажани за 5 и 12 јули.

Исто така, навивачите чекаат двојни трки на Силверстон (2 и 9 август).

Покрај тоа, планирани се уште четири трки: во Унгарија (19 јули), Шпанија (16 август), Белгија (30 август) и Италија (6 септември).

Осум трки е минималниот број за една сезона да се смета за валидна. Но, раководството на тркачката серија инсистира на тоа дека имаат намера дополнително да го прошират календарот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место