Утрински Весник
Спорт

Сезоната во одбојкарските еврокупови нема да се доигра поради пандемијата на коронавирус

Одбојкарите на Франција и Словенија со победи ги започна олимписките квалификации

Рим, 23 април 2020 (МИА) – Поради пандемијата на коронавирус, Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) одлучи да не ги игра преостанатите натпревари од еврокуповите, сезоната 2019/20 година.

– Советот на ЦЕВ ги откажа преостанатите натпревари од европските купови во 2020 година, вклучувајќи го и Супер финалето во Лигата на шампионите, откако избувнувањето на коронавирус го прекина натпреварот во март.

И покрај фактот дека сезоната во еврокуповите нема да биде завршена, одборот се согласи да одвои повеќе од 80% од очекуваниот награден фонд на екипите кои учествуваа во трите купа.

Покрај тоа, Одборот на ЦЕВ се обврза да го задржи наградниот фонд за Европското првенство 2020/21 и одобри дополнителна поддршка за клубовите за претстојната сезона, се вели во соопштението на органиацијата.

Финалето на Лигата на шампионите во одбојка требаше да се одржи во Берлин на 16 мај. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони

ЗОИ2026: Златото на Мејар прво за Швајцарија во слалом од 1948