Утрински Весник
Македонија

Седум од новите 33 автобуси за ЈСП тргнаа од Загреб за Скопје

Седум од новите 33 автобуси за ЈСП тргнаа од Загреб за Скопје

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Првите седум од вкупно 33 нови црвени автобуси денеска тргнаа од Загреб за ЈСП Скопје. Автобусите се набавени по пат на проектот на ЕБОР, а тендерот го доби Ауто Хрватска ПСЦ.

Ова го сподели градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.

-Некогаш треба да си упорен. Секогаш треба да веруваш. Моето, твоето, нашето Скопје … Скопје, една поинаква приказна …, наведува Шилегов во својата објава на Фејсбук. скс/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Климатските промени се глобален, регионален и национален безбедносен предизвик – време е за превенција наместо реакција! 

Плаќајте паркинг навреме: Штип воведува „паметна“ контрола со мобилни патроли

САД и Македонија го отворија Стратешкиот дијалог: Потврдена силната соработка во рамки на НАТО