Утрински Весник
Свет

Седум луѓе, меѓу кои три деца пронајдени мртви во куќа во Минесота

Седум луѓе, меѓу кои три деца пронајдени мртви во куќа во Минесота

Најмалку седум луѓе се пронајдени мртви во семејна куќа во Минесота, а според првите информации тие починале за време на спиење.

Како што пренесува „Дејли мејл“, се работи за татко, мајка, три деца, тетка и внук, кои се пронајдени мртви, а се сомневаат дека починале од труење со гас.

Властите засега не ги потврдуваат тврдењата на медиумите, но велат дека нема знаци на семејно насилство.

Локалните медиуми велат дека нема закани за заедницата, а полицијата не ги бара осомничените.

Можете да прочитате

Руски напад врз Киев, делови од градот без струја и греење

Цените на златото постојано растат

Во Шпанија прогласена тридневна жалост по железничката несреќа