Утрински Весник
Свет

Седум лица загинаа во пожар во зграда во Хонг Конг

Седум лица загинаа во пожар во зграда во Хонг Конг
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку седум лица загинаа, а 12 се повредени во пожар во станбена зграда во густо населена станбена област во Хонг Конг. Пожарот избувна синоќа во квартот Јау Ма Теи, кој вообичаено е полн со луѓе и каде што има голем број станбени згради, продавници и компани.

Пожарот избувнал во еден ресторан кој се наоѓал во стан на една од зградите, соопштија пожарникарите на прес-конференција.

Саут Чајна морнинг пост објави дека во пожарот загинале седум лица на возраст од девет до 40 години. Според весникот, ова е најсмртоносен пожар од 2011 година, во кој животот го загубија девет лица. Според весникот, седум од хоспитализираните лица се во критична состојба.

Премиерката на Хонг Конг, Кери Лам, рано утрово издаде соопштение во кое се наведува дека е длабоко тажна поради смртта и повредените во пожарот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Директорот на компанија им исплатил 240 милиони долари бонуси на вработените

Трамп за документите на Епштајн: „Ова е лов на вештерки“

Силен руски напад со суперсонични ракети врз Киев