Утрински Весник
Македонија

Седници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за финансирање и буџет ќе одржи две седници 75-та и 77-ма, на кои ќе се дискутира по Предлог – закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, сите по скратена постапка, во второ читање.

Предлог – законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Предлог – законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, по скратена постапка, во второ читање, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, се на дневниот ред и на двете седници на Законодавно-правната комисија.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, по скратена постапка, во второ читање.

На агендата на седницата на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, во прво читање, Предлог – законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Северна Македонија, по скратена постапка, во второ читање, како и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за социјална сигурност на старите лица и на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, по скратена постапка, во второ читање.

Како што е најавено, во собраниската Охридска сала свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе даде Арбер Исаку, член на Советот на Јавни обвинители на Република Северна Македонија. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!