Утрински Весник
Македонија

Седница на новиот собраниски состав – ќе се утврдува бројот на потпретседатели

Собранието ги верификуваше мандатите на сите 120 пратеници

За денеска во 11 часот е закажана собраниска седница за предлог одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието. Во предлог одлуката потпишана од собранискиот спикер Талат Џафери се наведува дека „собранието на Република Северна Македонија има пет потпретседатели“.

Според Деловникот на Собранието бројот на потпретседателите го утврдува собранието по предлог на претседателот на парламентот. Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада Зоран Заев изјави дека прво парламентот мора да избере потпретседатели, па потоа предлогот за составот на новата влада ќе биде доставен до Собранието.

Предлогот за составот на новата влада, пак, Заев треба да го достави до Собранието најдоцна до 2 септември.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Херојска акција во Стенковец: Д-р Виктор Груев и тимот на ЈП Лајка спасија над 30 кучиња од пожар

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Три пожари активни во Светиниколско