Утрински Весник
Политички Партии

Седница на Влада, на дневен ред точки од областа на безбедноста и економијата

Владата ја одржа 10-тата седница

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Владата денеска ќе ја одржи редовната 13-та седница, на чиј дневен ред, меѓу другото, е и информацијата за учеството на Република Северна Македонија во Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија во периодот 1 јули – 31 декември 2019 година.
Како што информира владината прес-служба, на предлог на Министерството за одбрана министрите во Владата ќе се произнесат по информацијата за ажурирана Нацрт Стратегија за одбрана на Република Северна Македонија.
На денешната седница е точката со информација со анализа за примената на Законот за правда за децата, што ќе ја презентира Министерството за правда, како и информацијата за потребите на Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на мониторинг на водите во Република Северна Македонија.
На предлог на Акционерско друштво за производство на електрична енергија, „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), во државна сопственост, Владата денеска ќе донесе мислење за финансискиот план, за годишната инвестициска програма и за годишниот план за јавни набавки на АД ЕСМ за 2020 година.
На седницата ќе се разгледа и годишната програма за работа за 2020 година, како и информацијата за реализација на Проектот „Младинска картичка“ на Агенцијата за млади и спорт. сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт