Утрински Весник
Македонија

Седница на Владата за нови мерки поврзани со состојбата со Ковид-19

Од 25 седница на Владата: Забрана за движење од 21:00 до 06:00, Уредба за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите, Препорака на банките пензиите да се исплаќаат од 28 март

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Владата попладне со почеток во 17 часот ќе одржи седница.

За заклучоците од седницата на Владата која заседава за одлуки и мерки поврзани со состојбата со коронавирусот ќе биде објавено соопштение.

Директорот на Царината Ѓоко Танасоски денеска најави дека на предлог на Царината и Министерството за економија Владата ќе донесе одлука за автономни мерки за ослободување од плаќање царина на суровини и материјали и опрема за медицински цели. Од плаќање царина треба да бидат ослободени средства за дезинфекција, заштитни маски и ракавици, заштитни очила, медицинска опрема. лв/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владиниот авион најчесто летал за Будимпешта – Николовски меѓу најчестите патници

Стотици кичевци без дом, сместени во спортска сала

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро