Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Седлоски: Верувам дека ќе го победиме Динамо

Img 7972

Шампионот на Македонија, Шкупи, утре ќе го пречека Динамо Загреб, во реваншот од втрото квалификациско коло, во Лигата на шампионите. Шкупи, во првиот меч, избори поволен резултат, дуелот во Загреб заврши 2:2.

dobivaj vesti na viber

„По натпреварот кој го одигравме во Загреб и позитивниот резултат кој го имаме, утре не чека тежок натпревар. Не треба да се залажуваме со резултатот што го остваривме во Максимир. Цела недела го даваме максимумот на тренинзите, спремни сме за утрешниот натпревар. Многумина рекоа дека Динамо не потценил во првиот натпревар. Ќе ве прашам, кој може да си дозволи да потцени противник во Лигата на шампионите. Таму ние одигравме на едно високо ниво и покрај тоа што покажавме многу недостатоци, нив ќе треба да ги коригираме. Верувам во историска победа и пласман, но за да се оствари потребна ни е поддршката од јавноста, и нашите навивачи кои се дванаесетти играч“, истакна тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

Седлоски за утрешниот дуел нема да мпже да смета само на Дафна, сите останати се подготвени за пресметката која ќе стартува во 21 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Извор/facebook.com/fcshkupi1927

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер