Утрински Весник
Спорт

Севилја го потврди позитивниот тест на Гудељ пред дуелот со Рома

Севилја го потврди позитивниот тест на Гудељ пред дуелот со Рома

Севилја потврди дека српскиот интернационалец Немања Гудељ е позитивен на корона вирус, компликувајќи го реваншот од осминафиналето од Лига Европа против Рома на 6 август.

Гудељ имал позитивен тест на тестирањето во неделата, и сега самиот Србин преку Твитер потврди дека тој е позитивен, дека нема симптоми и дека е во самоизолација додека клубот ги прекина тренинзите.

„Се чувствувам добро, немам симптоми и се надевам дека наскоро ќе се вратам со моите соиграчи за да се остварат целите до крајот на сезоната“, објасни поранешниот фудбалер на Ајакс.

Доколку нема нови позитивни тестови, Севилја планира да се врати на тренинзи веќе утре. Севилја има 2:1 предност против Рома по првиот меч.

Позитивниот тест на Гудељ доаѓа откако Маријано Дијаз од Реал Мадрид имаше позитивен тест на КОВИД-19 пред реваншот на „кралевите“ во осминафиналето на ЛШ против Манчестер сити.

> Севилја го потврди позитивниот тест на Гудељ пред дуелот со Рома <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност