Јужнокорејските разузнавачки служби соопштија дека Северна Кореја се обидела да украде технологија за вакцини Ковид-19 од Фајзер.
Властите на Јужна Кореја не наведуваат кога точно се случил наводниот хакерски напад и дали бил успешен.
Јужнокорејската разузнавачка агенција соопшти дека ги спречила обидите на Северна Кореја да ги хакира и јужнокорејските компании кои развиваат вакцини за коронавирус.
Експертите сметаат дека целта на севернокорејските хакери е да ги продаваат податоците отколку да ги користат за развој на домашна вакцина.
Според податоците на тамошните агенции, Северна Кореја се очекува да прими скоро два милиони дози вакцина АстраЗенека преку програмата „Ковакс“ до првата половина на годината.
Свестките агенции пренесуват дека досега Северна Кореја не потврди ниту еден случај на инфекција со коронавирус, но јужнокорејското разузнавање смета дека инфекцијата не може да се исклучи бидејќи земјата имала трговски и сообраќајни врски со Кина пред затворањето на границите на почетокот на 2020 година.