Утрински Весник
Македонија

Северна Македонија дел од програмата за дигитална администрација на ЕУ

Северна Македонија дел од програмата за дигитална администрација на ЕУ

Скопје, 3 април 2020 (МИА) –  Северна Македонија стана дел од Програмата за дигитална администрација ИСА 2 на Европската унија, преку која се поддржуваат активности за развој на ИКТ во јавната администрација, давање електронски услуги и генерално дигитализација во јавниот сектор.

Договорот за пристапување кон програмата го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан.

-Едноставно кажано ова е местото каде што се прават планови за развој на информатичкото општество и размена на искуства помеѓу државите членки како и развој на нови стандарди и технологии од областа, а ние ќе можеме да дадеме свој придонес. Оваа програма е наменета за земјите членки на Европската Унија, но направен е исклучок да се дозволи и нашата држава како земја кандидат, да биде активен член, истакна министерот Манчевски во видео обраќање по потпишувањето кое поради препораките за Ковид 19 беше дигитално.

Од економски аспект, како што појасни, придобивките за нас како држава се јасни. Членството кое се плаќа за учество во оваа програма е со помал износ од годишните трошоци кои ги имаме за приклучок кон TESTA-ng мрежата.

По завршувањето на оваа програма, таа ќе се трансформира во уште поголема програма именувана Digital Europe, која ќе се занимава со поголемата слика на дигитализација во Европската Унија. Тука ќе се разгледуваат и носат идните стандарди и насоки за развој на дигиталната агенда. Северна Македонија активно ќе учествува во дефинирањето на идните решенија и стандарди од ова поле кои понатаму и ние ќе ги имплементираме и примениме.

Комесарот Хан, пак, потенцираше дека на овој начин, со пристапување на Северна Македонија кон оваа програма, ние сме веќе дел од Европската Унија. Тој ги поздрави напорите на нашата држава за приклучување кон ИСА2, а како потврда за тоа е отстпката што ЕУ ја прави, овозможувајќи и на Северна Македонија, полноправно членство во оваа програма.

Манчевски и Хан воедно истакнаа дека дигиталното потпишување е уште еден пример за важноста на дигиталната трансформација за непречено одвивање на сите активности и во време на вонредна состојба. лв/ац/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите