Утрински Весник
Свет

Северна Кореја – тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Северна Кореја – тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во земјата, докторот Едвин Салвадор.

Тој не објаснил детално зошто резултатите од тестот се сметаат за нецелосни. Салвадор за Си-ен-ен рекол дека СЗО барала од Северна Кореја да сподели информации за сомнителниот случај на коронавирус.

Во тек е следење на контактите на лицето за кое се сомнева дека позитивно на вирусот, а идентификувани се 64 директни контакти и 3.571 секундарни контакти.

Тие ќе бидат во карантин во објекти на владата 40 дена.

Северна Кореја на 26 јули го пријави првиот сомнителен случај на коронавирус во градот Каесонг. Сомнителниот нулти пациент, наводно, влегол во земјата на 19 јули, откако пребегнал во Јужна Кореја пред околу три години. Од појавата на првиот сомнителен случај, во Каесонг е воведен карантин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд