Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Северна Кореја им забрани на граѓаните да се смејат и да пијат

Северна Кореја им забрани на граѓаните да се смејат и да пијат
300x250 opst2

На граѓаните на Северна Кореја не им е дозволено да се смеат или да пијат 11 дена, по повод десетгодишнината од смртта на лидерот на земјата Ким Џонг Ил.

Според светските медиуми, државните власти наредиле да нема изразување на среќа во јавноста, додека Северна Кореја ја одбележува смртта на поранешниот севернокорејски лидер.

Ким Јонг Ил владееше со Северна Кореја од 1994 до 2011 година, кога беше наследен од неговиот син Ким Џонг Ун.

„ Во периодот на жалост не смееме да пиеме алкохол, да се смееме или да се занимаваме со лежерни активности“, изјави севернокорејски жител на Синиџи за Радио Слободна Азија.

Истиот извор тврди дека на граѓаните нема да им биде дозволено да одат по намирници на 17 декември, кога се одбележува годишнината од смртта на Ким Џонг Ил.

„ Претходно се случувало да уапсат луѓе кои пиеле или биле пијани во моментот на жалост и биле третирани како идеолошки криминалци. Тие биле однесени и никогаш не биле видени повеќе“, тврди лицето, а пренесува „Дејли мејл“.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот