Северна Кореја ја призна независноста на Луганск и Донецк, две отцепени територии во источна Украина поддржани од Русија, пренесува „Ројтерс“.
Со овој потег, Северна Кореја стана само третата земја по Русија и Сирија која призна два отцепени ентитети, Донецк (ДПР) и Народна Република Луганск (ЛПР), во регионот Донбас во Украина.
Водачот на ДПР Денис Пушилин напиша во објава на Телеграм дека се надева на „плодна соработка“ и зголемена трговија со Северна Кореја, која е изолирана држава со нуклеарно оружје.
Амбасадата на ДПР во Москва објави на Телеграм фотографија на која севернокорејскиот амбасадор во Москва, Син Хонг-Чол, и подарува потврда за признавање на претставникот на ДПР, Олга Макеева.
Амбасадата на Северна Кореја во Москва денеска потврди дека земјата ја признала независноста на двата ентитета.