Утрински Весник
Свет

Северна Кореја: Бајден направи голема грешка

Северна Кореја: Бајден направи голема грешка

Официјален Пјонгјанг денеска предупреди дека САД дека ќе се соочат со тешка ситуација бидејќи американскиот претседател Џо Бајден направил голема грешка нарекувајќи ја Северна Кореја „безбедносна закана“ и најавил поостра политика кон таа земја.

„Изјавата на Бајден јасно ја покажува намерата за продолжување водење непријателска политика кон Северна Кореја, како што го правеле тоа САД повеќе од половина век. Нема сомнеж дека американскиот претседател прави голема грешка“, оцени висок претставник на севернокорејското Министерство за надворешни работи, Квон Џонг Гун.

Засега не се знае какви чекори ќе преземе официјален Пјонгјанг.

Од Белата куќа е најавено дека Бајден ќе настојува да ја прекине нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Можете да прочитате

Падна француската влада – парламентот ѝ изгласа недоверба

Трамп по рацијата во Хјундаи: Почитувајте го законот и обучете ги Американците за вашата работа

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот