Утрински Весник
Спорт

Себалос: Секој фудбалер на светот сака да игра за Реал, ова е совршен клуб за да се успее

Арсенал го позајмува Себалос од Реал Мадрид

Мадрид, 21 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Арсенал, Дани Себалос, чии права му припаѓаат на Реал Мадрид, го сподели своето мислење за неговата иднина во шпанскиот клуб.

– Јас сум играч на Реал Мадрид. Секој фудбалер на светот сака да игра за Реал Мадрид. Мојот договор со клубот истекува за три години, и ова е совршен тим да се успее. Најдобрите изданија на Себалос допрва доаѓаат. Се чувствувам како дел од тимот, ја осознавам мојата важноствашата важност, да се биде лидер е она што навистина ми се допаѓа, изјави 23-годишниот фудбалер во интервју за „ТВЕ“.

Себалос од 2107 година е играч на Реал, во 2019 отиде на позајмица во Арсенал, а има настапувано и за Бетис. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство