Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: 27 ми април е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија. Вооружени насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија, соопшти СДСМ.

„ Тие насилници беа поддржани со присуство пред Собранието и лично од страна на Христијан Мицкоски. 27 април е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија во која и после 5 години нема никаква промена.

Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимската насилничка матрица на неговиот шеф и ментор Груевски.

Пет години од 27 април, од денот кога Собранието беше претворено во крваво поле за одбрана на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, Мицкоски и неговата партија се уште стојат зад овие насилници. Едно е факт, насилниците никогаш нема да бидат уставобранители“ велат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт