Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: 19.000 тутунари добиваат поддршка од 300 милиони денари

СДСМ: 19.000 тутунари добиваат поддршка од 300 милиони денари

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците. Започна исплатата на финансиската поддршка кон тутунарите како дел од пакетот поддршка за намалување на последиците од пандемијата. Над 19.000 тутунари добиваат поддршка со вкупна вредност од 300 милиони денари, соопштија од владејачката СДСМ.

Станува збор, како што појаснуваат од таму, за поддршка од три денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од трета и четврта класа.

Претходно, потсетуваат од СДСМ, за тутунарите беа исплатени субвенции во висина од една милијарда и седумстотини илјади денари и заедно со оваа поддршка, Владата, за тутунарите, во услови на здравствена и економска криза, успешно реализираше две милијарди денари финансиски средства.

„Помина времето кога тутунарите беа оставени сами на себе, кога трпеа притисоци и кога мораа својот тутун да го даваат за екстремно ниски цени. Тоа се смени со СДСМ, затоа што сме домаќинска и отворена партија, затоа што водиме грижа за сите. СДСМ останува посветена на грижа за земјоделците, тутунарите и за сите граѓани во државата“, е нагласено во соопштението од СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт