Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Ја остваруваме тридецениската стратешка цел, Република Северна Македонија 30-та земја членка на НАТО

СДСМ:ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, се дрзнува јавно да му наредува на обвинителството

Скопје, 13 февруари 2020

СДСМ за само 2,5 години како парламентарно мнозинство и како власт покажа дека може да ги решава децениските отворени прашања, но и да ја постави државата цврсто на патот кон ЕУ и НАТО.

Со ратификацијата на Северно-атлантскиот протокол во Собранието на Република Северна Македонија остварена е тридецениска стратешка заложба на земјата за интеграција во најмоќниот воено-безбедносен сојуз – НАТО.

Нашата држава е рамноправен партнер на НАТО, што значи не само безбедност, стабилност и сигурност, туку и повеќе странски инвестиции, пристап до нови пазари, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.

Сепак и во овој процес, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ќе останат запаметени како кочничари на процесот за пристапување кон НАТО и процесот за интеграција кон ЕУ.

Тоа го покажаа и во Собранието кога само Мицкоски и неколку негови послушници не аплаудираа на ратификацијата со која се заокружува членството во НАТО.

Република Северна Македонија со крупни чекори продолжува напред кон развој и напредок, кон интеграција во ЕУ, а ратификацијата на Северно-атлантскиот протокол е дополнителен мотив да продолжиме уште попосветено да работиме за граѓаните и државата.

СДСМ останува силно посветен на реализација на реформите што обезбедуваат економски раст и развој, напредок и подобар живот за граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор