Скопје, 2 март 2020
Економската програма на СДСМ за новиот мандат меѓудругото предвидува 600 милиони евра за развој на бизнисот, за фирмите, за нови работни места, за иновации, за стартапи, за младите, за работа тука дома, во нашата татковина.
Поддршката за домашни и странски инвестиции ја зголемуваме и ја проектираме во износ од 300 милиони евра до крајот на мандатот.
На ова додаваме уште 300 милиони евра европски средства за развој на домашната економија.
Ги унапредуваме условите за работа во ИТ индустријата која е генератор на илјадници добро платени работни места.
До 2023 година персоналниот данок во ИТ индустријата го намалуваме до 0%.
Заедно со мерките на повраток на персоналниот данок, директно во самата индустрија, за конечно сите во ИТ индустријата да плаќаат 0% данок.
Ќе развиеме и еден нов модел на номади и слични меѓународно признати механизми, за развој на оваа важна индустриска гранка.
За оние кои сакаат да се обучуваат, доообучуваат или преквалификуваат, обезбедуваме целосен поврат на персоналниот данок за обука, дообука и преквалификација.
Покрај младинскиот додаток на плата од 3.000 денари, уште повеќе инвестираме во младите и во намалувањето на младинската невработеност.
Развиваме целосно нови стратегии преку грантови или неповратни средства од 5.000 – 15.000 евра за млади и жени за отворарање на сопствени бизниси, каде државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех.
Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години. Парите ќе одат директно на сметка кај младите.
Ова е само дел на економската програма на СДСМ. Во изминатите 2,5 години засилено инвестиравме во човечкиот капитал и во стопанството.
Покажавме дека можеме да обезбедиме подобри услови за работа.
Во наредните 4 години продолжуваме со засилено темпо.
Затоа граѓаните на 12 април ќе ги поддржат победничките политики на СДСМ.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
– МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки