Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Црвена линија за Мицкоски ли се навредите за нашите партнери од ЕУ дека се нацисти?

Таканаречените црвени линии на Христијан Мицкоски не се ништо друго освен антидржавни позиции, обвини СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Дали за Мицкоски црвена линија се навредите од негови пратеници кон нашите партнери од ЕУ кои ги нарекуваа нацисти? Дали за него црвени линии се заканите и клеветите што пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги ширеа во Собранието при усвојувањето на Заклучоците по европскиот предлог за почеток на преговорите?

Мицкоски е очаен, осамен и изгубен во сопствената деструкција, затоа мораше да оди по нови насоки во Будимпешта кај неговиот ментор Никола Груевски.

Мицкоски ќе остане запаметен по тоа што во клучните моменти за државата тој бил на спротивната страна и одработувал за туѓи интереси, на штета на интересите на граѓаните“ велат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт