Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Укината дополнителната акциза за горивата, целта е подобар стандард за граѓаните

СДСМ: Укината дополнителната акциза за горивата, целта е подобар стандард за граѓаните

СДСМ останува целоснo посветена на заштита и унапредување на животниот стандард на граѓаните. Укината е дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните ќе плаќаат два денари пониска цена, потсетуваат од владејачката партија осврнувајќи се на процесот на укинување на дополнителната акциза за горивата.

„Целта на оваа мерка е да се заштити стандардот на граѓаните преку утврдена варијабилна акциза која зависи од цената на светската берза. Со измените во Законот за акцизи во април 2021 година се осигуравме да нема висок раст на цените на горивата, така што ставивме варијабилна маргина која е поврзана си цената на барел нафта на светската берза. Поточно, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува и тоа намалување ќе влијае на крајната цена на горивата кај нас. Според законското решение, дополнителна акциза од три денари кај бензините е предвидена доколку цената на светската берза е под 390 долари за тон, ако е помеѓу 390 и 590 долари за тон дополнителна акциза изнесува 2 денари и ако е над 590 долари за тон тогаш дополнителна акциза е 0 денари, односно се укинува“, соопштија од СДСМ.

Потсетуваат дека кај дизел горивото е предвидена дополнителна акциза од 3 денари ако цената на светската берза е под 400 денари. Дополнителна акциза од 2 денари е предвидена за дизелот кога на светска берза е меѓу 400 и 600 долари и ако цената на светска берза е над 600 долари таа изнесува 0 денари.

„Покрај одлуката за укинување на дополнителна акциза кај дизел горивото, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за додадена вредност со што ДДВ за струја се намалува од 18 на 5 отсто. Сите овие мерки значат унапредување на квалитетот на животот на граѓаните“, велат од владејачката СДСМ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт