Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Талир 2 значи правда за епскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ и Белиот дворец

Dik 300x250 mk

Пресудата за случајот Талир 2 е последната потврда за епскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека низ судски процес базиран на докази и сведоштва се докажа дека биле злоупотребени милионски суми на пари, дека грубо биле прекршени законите за ВМРО-ДПМНЕ денес да биде една од најбогатите партии во Европа.

Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна и од епски размери, но со последната пресуда исправена е уште една неправда.

И по последната пресуда исто како и по претходните против функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наместо да се извини и да ги осуди незаконските постапки, тој упорно останува во одбрана на криминалот.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е криминална партија се уште управувана од осуден криминалец, Никола Груевси, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!

Поетска вечер „ЕУРОМОНД 21“ по повод Светскиот ден на ромскиот јазик