Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Сè што Мицкоски кажа – излажа

СДСМ: Сè што Мицкоски кажа – излажа

Христијан Мицкоски мора да им се извини на граѓаните за сите лаги за наводно ново парламентарно мнозинство, а потоа да преземе одговорност и да се повлече од политиката, велат од СДСМ.

„Заради желбата за власт Мицкоски седна на иста маса со анти-НАТО, анти-ЕУ политичари, со политичари кои се против Договорот од Преспа, против Охридскиот рамковен договор, против концептот едно општество за сите“, се наведува во партиската реакција.

Во неа се додава дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажал дека нема став и дека е, како што се вели, обичен калкулант желен за власт.

„Сè што Мицкоски кажа – излажа. Дури и парламентарното мнозинство го кроеше преку лаги и измами кон луѓето со кои седеше на иста маса. Стана јасно и дека Левица е исто што и ВМРО-ДПМНЕ, дека Мицкоски и Апасиев се едно исто“, нагласуваат од СДСМ и додаваат дека Мицкоски конечно треба да преземе одговорност и да си даде оставка.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт