Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Судиите што застаруваат предмети ќе бидат разрешени

Судијка во САД го блокираше извршувањето на втората смртна казна на сојузно ниво по пауза од 17 години
300x250 opst2

Следува ред, правда и дисциплина на сите нивоа, а судиите што застаруваат предмети ќе бидат разрешени, велат од владејачкиот СДСМ преку соопштение.

Од партијата истакнуваат дека приоритет на Владата е градење на силна ефикасна правна држава која бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата и ќе гарантира независен правосуден систем.

„Судиите кои намерно застаруваат предмети по автоматизам ќе бидат разрешувани, предметите ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој во правосудството не постапувал со цел да застари предметот, тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам“,  велат од СДСМ.

Како што додаваат, ќе се врши детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, како и ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Поради неопходноста на ред и дисциплина во сите институции, како и отчетност и транспарентност на службите, СДСМ нагласува дека се воведува законска обврска за јавна објава на трошоците на сите функционери во централната, локалната, но и судската власт.

„Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат правда и конечно да почне да се применува законот за сите подеднакво. Законот за Јавно обвинителство гарантира дека политиката не може да интервенира во судските одлуки и дека сите предмети од висок криминал и корупција ќе имаат завршница“, додава СДСМ во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники?

Мицкоски: Секој оној којшто на каков било начин има поврзаност со случајот за Кочани да биде изведен пред лицето на правдата

Андоновски: Сајбер нападите се реална закана и се дел од пошироката слика на хибридните закани