Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

СДСМ: Стигаат деманти од странски амбасади, прегоре системот за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Ги осудуваме опасните повици од страна на Левицата, Обвинителството да реагира
300x250 opst2

 

Нема ден, а да не биде демантирана некоја лажна вест излезена од системот за лаги на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ, откако холандската амбасада попладнево ја демантира информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна Македонија.

Веста за наводната холандска поддршка на ветото ја објави бугарски весник кој потсети дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антониjо Милошоски претходно напишал на „Фејсбук“ дека Бугарија има поддршка од уште најмалку две членки на ЕУ.

„Последните деманти се доказ како лажните вести и хистеријата што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги шират на штета на државата и државните позиции, на крајот им се удираат од глава. Пропаднаа во вода лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Милошоски дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија“, стои во соопштението на СДСМ, од каде влеат дека уште еднаш се потврдило оти сè што излегува од белиот дворец е невистина и измислица.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник