Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Со апсурдните амандмани опозицијата го девалвира Собранието

СДСМ: Со апсурдните амандмани опозицијата го девалвира Собранието

 

Со илјадници апсурдни амандмани ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата го девалвираат Собранието и им нанесуваат штета на граѓаните, наведува владејачката СДСМ во соопштение.

„Срамно и неодговорно е однесувањето на опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, за блокирање на работата на законодавниот дом, додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, додека бојни категории граѓани, претпријатија, чекаат носење на важни закони за да добијат помош од државата.

Со поднесување на стотици, илјадници апсурдни амандмани на измените на Деловникот и на повеќе закони опозицијата првенствено им нанесува штета на граѓаните, бидејќи во Собранието треба да се донесат законски решенија за да им се помогне на пензионерите, на самохраните родители, на социјално ранливите категории, на невработените, но и на компаниите и на здравствениот систем.

Несериозно е да се поднесат 3.000 амандмани на измена на неколку членови на Деловникот, со кои треба да се обезбеди функционално собрание, со учество на далечина на пратениците кои се во изолација, или да се блокира носење на Законот за здравствена заштита со 500-600 амандмани.

Опозицијата во собранието, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса, со амандманите како покажување бојадисано јајце, или неносење автомеханичарски ознаки кога пратениците учествуваат во работата на законодавниот дом на далечина, си поигруваат со чувствата на граѓаните и го газат достоинството на Собранието.

Пратениците земаат плата од народните пари, бидејќи граѓаните им ја дале довербата да ги застапуваат нивните интереси, а не да ја опструираат и кочат работата на Собранието и од парламентот да прават циркус, институција за потсмев.

Деструктивноста, антидржавното и антинародно однесување на опозицијата во Собранието нема да спречи, граѓаните со парламентарното мнозинство на СДСМ, да добијат функционален Парламент посветен на интересите на државата и на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт