Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Советник на ВМРО-ДПМНЕ пукал со огнено оружје на веселба

СДСМ: Советник на ВМРО-ДПМНЕ пукал со огнено оружје на веселба

Советник на ВМРО-ДПМНЕ во скопската населба Кисела Вода пукал со огнено оружје на веселба, oбвинуваат од СДСМ.

„Сѐ се менува, само ВМРО-ДПМНЕ останува во истата партија со истиот начин на однесување на своите претставници. Не само што е спротивно на законите туку и советникот ја загрозува безбедноста на граѓаните, а ги вознемирува жителите на Кисела Вода“, се нагласува во партиската реакција во која се додава и дека настанот се случил во куќата на советникот кому граѓаните му ја дале довербата да се грижи и да ги заштитува нивните интереси.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт