Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Следува намалување на судските такси за физичките лица

Судијка во САД го блокираше извршувањето на втората смртна казна на сојузно ниво по пауза од 17 години

СДСМ ги реализира заложбите дадени пред граѓаните за намалување на трошоците и овозможува правдата да биде подостапна за граѓаните, велат од СДСМ.

„ Владата предовдена од СДСМ предложи измена на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за осум пати, односно од 48.000 на 6.000 денари.

Со ова им се олеснува патот до правдата на граѓаните кои се двоумеа да покренат судски постапки поради високите судски трошоци.

Правда во државата има и ќе има, а секој што се огрешил пред законот ќе се соочи со лицето на правдата.

Како одговорна партија, СДСМ останува посветена на интересите на граѓаните“ се вели во соопштението од партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Словачка, Ивета Хрицова

МЗ: Пациентот што почина на Онкологија е донесен во многу тешка состојба

(Видео) Сопруга на загинатиот полицаец во Кочани: Со поткуп, свекорот ја продаде смртта на мојот сопруг, оставка од Тошковски