Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Следуваат повисоки плати, пензии и нови антикризни мерки со ребалансот на буџетот

Со ребалансот на буџетот за 2022 година обезбедуваме одржување на макроекономската стабилност, но и поголема поддршка и помош како за граѓаните така и за компаниите. Над 76 милиони евра се обезбедени за следниот пакет антикризни мерки за справување со последиците од светската економска и енергетска криза. За поддршка на земјоделството, за да се поттикне зголемено домашно производство, обезбедени се дополнителни 3,2 милијарди денари, односно 32 милиона евра, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека преку ребалансот се обезбедија средства и за повисоки плати во образованието и детската заштита, како и за рекордно зголемување на пензиите од септември за над 320.000 пениознери.

Овој ребаланс на буџетот на дело ја потврдува заложбата на СДСМ за стабилна и развојна економија, но и за повеќе пари во секое семејство. Владата предводена од СДСМ покажува капацитет во справувањето со последиците, покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.

И во време на глобална економска и енергетска криза, како одговорна партија, продолжуваме да водиме економски политики што го штитат стандардот на граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт