Утрински Весник
Македонија

СДСМ реагира на интервјуто на Мицкоски: Тој со Алијансата беше режисер на крвавото сценарио кое не успеа

Мицкоски со коалицискиот партнер Алијанса беше режисер на крвавото сценарио кое не успеа, реагира СДСМ по интервјуто на лидерот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Прва.рс.

dobivaj vesti na viber

„Нема граница деструктивното и опасно однесување на Христијан Мицкоски. Токму Мицкоски кој денеска се претставува како наводна жртва со цел дополнително да ја радикализира атмосферата, заедно со коалицискиот партнер Алијанса за Албанците беше режисер на крваво сценарио кое за среќа не успеа.

Таквото крваво сценарио требаше да предизвика етнички конфликт и државата да ја одведе во хаос и неизвесност.

Таквото сценарио не успеа, нема да успее ниту ова глумење жртва од страна на Мицкоски кој веќе не бира средства да ја блокира интеграцијата на државата во ЕУ, на што поддршка добива единствено од неговиот коалициски партнер, Левица“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можете да прочитате

Муцунски: Ќе бидеме прва земја во Европа која во мандатот на оваа администрација ќе оддржи стратешки дијалог со САД во Вашингтон

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата