ВМРО-ДПМНЕ бадијала шири шпекулации за убиството на младиот ракометар, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на Димче Арсовски.
Од владејачката партија нагласуваат дека случајот бил расветлен во рок од 24 часа, а сторителите се препознаени и приведени.
„Ако сака ВМРО-ДПМНЕ да го политизира, ете нека ги видат фотографиите објавени во јавноста каде убиецот фотографиран во друштво на Христијан Мицкоски.
Арсовски да побара оставка од неговиот шеф Мицкоски, откако почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се најде на црната листа на Стејт Департментот, а токму Мицкоски со години беше негов најблизок соработник“, посочуваат од СДСМ од каде тврдат и дека ВМРО-ДПМНЕ е истата, како што велат, режимска партија која со уцени и заплашувања ја направи државата заробена.