Утрински Весник
Македонија

СДСМ: По црната листа на Стејт департментот оставки треба да дадат Николовски и Мицкоски

СДСМ: По црната листа на Стејт департментот оставки треба да дадат Николовски и Мицкоски

„Стејт департментот на црна листа го стави осудениот криминалец во бегство и ментор на Мицкоски и Николовски, криминалецот во бегство, Никола Груевски.

По сите признанија, по сите судски пресуди, оставка треба да си даде Христијан Мицкоски и никогаш повеќе да не се бави со политика.

Мицкоски беше близок соработник на Груевски во време на режимот, а многу поранешни соработници на некогаш на Груевски а сега на Мицкоски се осудени за сторени криминали, а дел од нив и самите пред судовите признаа какви кривични дела биле правени.

И самиот Александар Николовски е дел од некогашниот режим, а денес докажан извор на лажни вести и тој како и Мицкоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци 

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет

ЦУК со информации за состојбата со врнежите од снег